Приватност.
Кои податоци ги собира Автовести, кој ги обработува и кои се вашите права. Последна измена: 10 ноември 2026.
Кој стои зад Автовести
Автовести (avtovesti.mk) е независен, некомерцијален проект на Ѓорѓе Каракабаков од Скопје, автор и на Автоцени (avtoceni.mk). Нема регистрација, кориснички сметки или продажба.
Што собираме
Сајтот работи без сервер со база на податоци. Единствените податоци поврзани со вас се:
- Статистика на посети (Google Analytics 4) само откако ќе кликнете „Прифати“ на банерот. Google поставува колачиња (_ga, _ga_*) и обработува анонимизирана IP-адреса, уред, прелистувач, посетени страници и кликнати линкови кон медиумите и Автоцени. Ако одбиете, ништо не се вчитува; изборот се чува локално во прелистувачот и може да го промените преку линкот „Колачиња“ на дното на страницата.
- Пораките преку формуларот за контакт и копчето за пријава (StareGlare): испраќате само тоа што ќе го напишете, е-пошта за одговор и технички детали за страницата и прелистувачот. Податоците ги обработува StareGlare во име на Автовести и служат само за одговор на пораката.
- Серверски логови на хостингот (Cloudflare), со IP-адреса и време на барањето, кои се бришат автоматски во кратки рокови.
Надворешни содржини
Фотографиите на написите се прикажуваат директно од сајтовите на медиумите, па тие сервери ја гледаат вашата IP-адреса при вчитување. Насловите водат кон страниците на медиумите, а цените кон Автоцени; таму важат нивните правила.
Вашите права
Според Законот за заштита на личните податоци имате право на пристап, исправка и бришење на податоците што се однесуваат на вас. Пишете ни преку страницата за контакт и ќе ги избришеме вашите пораки. Согласноста за Google Analytics ја повлекувате преку „Колачиња“ на дното на секоја страница; тогаш колачињата _ga се бришат.
Содржина
Насловите и фотографиите се на медиумите што ги објавиле и се прикажани само како врска до нивните написи. Ако сте носител на правата и сакате нешто да се отстрани, пишете ни и ќе го направиме веднаш.
Прашања за податоците: страница за контакт.